Резултатите од најново истражување во Велика Британија покажуваат дека медицината е доста напредната во однос на предвреме родените бебиња. Доказ за тоа е податокот дека сега е возможно да се спаси животот на предвреме родените бебиња, односно на бебињата родени во 22. недела.
Прерано родени бебиња се сметаат оние бебиња кои се родени пред 37. недела од бременоста. Британското здружение за перинатална медицина претходно ги советуваше лекарите да применуваат животно лекување само на бебињата родени во 23.. недела или подоцна.
Меѓутоа, медицинскиот напредок, вклучувајќи употреба на стероиди и подобро опремени специјални единици значи дека сега постојат случаи во кои бебињата родени во 22. недела живеат, иако шансите за преживување се мали.
Од 486 бебиња родени во 22. недела во 2016 година, 300 од нив умреле.
„Одговорни сме на бебињата да им пружиме најдобра можна нега, како и совети и упатства на загрижените родители“, вели д-р Хелен Мектиер од Здружението.
Според Доминик Вилкинсон, професор по медицинска етика на Универзитетот во Оксфорд, давањето медицински третман на прерано родените бебиња не е секогаш вистинската работа.
„Постојат многу високи ризици кои значат дека не е секогаш исправно да се прави интензивно медицинско лечење. Не можеме да кажеме што ќе биде можно во иднина, но идеме против границите на физиологијата“, изјави Вилкинсон.
Претходно, Британското здружение истакнуваше дека бебињата родени пред 22. недела немаат шанси за преживување поради неразвиени бели дробови.