Народниот правобранител спроведува посебно истражување каде завршуваат децата на малолетничките од домовите кои се пораѓаат на Гинекологија, најави денеска заменик наародниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.
– Истражувањето е во фаза на изработка и ќе биде јавно презентирано. Покрај прибирањето на податоците од надлежните јавни здравствени установи кадешто се вршат гинеколошки прегледи, породување или прекинување на бременоста, истовремено тимот од Одделението за заштита на правата на децата и лицата со попреченост ќе спроведен непосредни увиди во самите клиники заради проверка на податоците кои се доставени до Народниот правобранител, а ќе ги следи и информациите за текот на постапката за давање деца на посвојување, рече Бајрамовска-Мустафа во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која го престави Годишниот извештај на Народниот правобранител.
Само на почетокот на годинава најмалку две малолетнички од Домот 25 мај абортираа, а една девојка исто така штитеничка на државата се породи на скопска гинекологија.