Ниту намалување, ниту зголемување. Приватните лекари и во првите шест месеци од следната година ќе ги добиваат истите пари од државата. Ова е епилогот од договорот помеѓу Здружението на приватни лекари и Фондот за здравство.
Во првата половина од 2020 тата нема да има превентивни активности, а ќе има промена на шифрарници и на нови цели. Со ова лекарите ќе чувствуваат поголема сигурност, а во иднина ништо нема да се поместува без нивна согласнот, вели претседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија Др. Лилија Чолакова Дервишова.
Ова доаѓа откако пред пет дена приватните лекари се заканија дека нема да ги потпишат новите договори со Фондот, доколку не ги добијат правилниците по кои ќе бидат плаќани. Според Др.Чолакова Дервишова сите нејасностии од типот дали пациентите ќе имаат договори со приватните здравствени организации, а не со одреден лекар, дали ќе постои администратор онаму каде што нема медицинска сестра или лекарот кој работи сам ќе има бенефициран стаж и дали ќе добијат еднаков третман со лекарите од јавното здравство при користењето подолго боледување, за сето ова од Фондот добиле уверување дека ќе биде ставено во правилници.
Во Македонија има нешто повеќе од 1600 приватни матични лекари. Тие од Фондот месечно добиваат по 55 денари од пациент. Оваа сума државата реши да ја зголеми за блузу 15 отсто, така што со јануарската исплата, лекарите очекуваат да добиваат по 63 денари од пациент.