Повторно сме сведоци на уште еден скандал, Овој пат главни актери се Клиниката за радиотерапија и онкологија и веледрогеријата Др Пановски. Овој договор во 4-ри очи вреди 50 илјади евра. Според извори посочени од курир.мк, договорот е склучен на 17-ти овој месец. Како предмет на овој договор стои јавна набавка на лекови преку постапка со преговарање, меѓутоа без оглас. Министерството за здравство не останува ден да не биде без скандал благодарение на актуелната власт која го укина бирото за јавни набавки, па така договорите во 4-ри очи се секојдневие за Филипче.
Минатиот месец медиумите обелоденија дека во првите три месеци од годинава, истата Клиника без тендер склучила три договори со веледрогеријата за набавка на таблети во вкупна вредност од 200.000 евра.
Покрај набавките склучени во четири очи, веледрогеријата Пановски беше топ тема во медиумите откако преку јавните набавки доби 3 милиони евра од Клиниката за хематологија со која директорува неговата ќерка. Трите тендери, биле склучени во периодот од септември 2017 до мај годинава, а договорите за два од нив на сајтот на Бирото за јавни набавки се чуваа во најстрога тајност.