Во последните 24 часа се направени 3.777 тестирања, а регистрирани се 33 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 13, Куманово – 4, Тетово, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп и Радовиш – по 2, Битола, Штип и Дебар – по 1, Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Регистрирани се 92 оздравени пациент од: Охрид – 41, Скопје – 15, Струга – 13, Куманово – 6, Битола – 5, Гостивар – 3, Кочани – 2, Тетово, Кичево, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Виница, Кратово – по 1.
Пријавени се вкупно 11 починати лица: 5 лица од Скопје (64г,77г,77г,77г,92г) и по едно лице од Виница (79г), Куманово (80г), Неготино (74г), Струмица (69г) и Тетово (76г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 792.077 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.246, бројката на оздравени пациенти е 147.473, на починати е 5.398, а бројот на активни случаи изнесува 2.375.