Игор Николов, Доц. доктор на медицинскиот факултет во Скопје, еден од ретките докторите кои е директно инволвиран во здравствениот систем во Македонија во целост и одвнатре ја следи ситуацијата и случувањата. Како доктор кој е етаблиран на клиниката за нефрологија, субспецијалист на универзитетот во Париз по нефрологија е доволно храбар и слободен да го изрази својот став и кога нешто е добро, но да искоментира и кога нешто не чини, посебно за работите како и на кој начин се одвиваат во здравството во моментот и колку се ценат и почитуваат колегите доктори.
Неговите коментари се пристуни на социјалните мрежи посебно ако станува збор за вреднувањето и достоинството на докторот како еден од битните сегменти во секое општество. Тој е исто така и член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ. Па, после објавата на срамниот оглас од страна на моменталната власт, подолу посочен, Игор Николов на својот ФБ профил го искоментира следното:
Ветуваа дека ќе ги задржат и стоматолозите во земјата.!!! Ветуваа и покачување на капитацијата…!!! Пројде време две и пол години, заборавија се што ветуваа…!!!
Вакви огласи да не се повторат. Вакво нарушување на достоинството да не го гледаме во иднината. Плаќање на здравствените работници во ќеш е и ќе биде казниво со закон.
Новата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, нема да дозволи да се деградира и нарушува достоинството на стоматолозите и здравствените работници…!!!