Здружението на приватни лекари на Македонија не се согласува со новиот начин на евиденција на пациенти, кој од вчера им го воведе Фондот за здравство.
Матичните лекари реагираат на обемната административна работа која им се наметнува, на сметка на квалитетот на услугите кои ги нудат. Сметаат дека пишувањето во амбулантски дневници и запишувањето во здравствени книшки е застарен метод и враќање чекор наназад.