Велиме заштитен „како бубрег во лој“. Да, токму така, бубрезите се два грашковидни и релативно мали органи од витално значење. Токму поради ова, сместени се и заштитени од повреди во нивните „ложи“, длабоко зад стомачните органи, обвиени со масна капсула и закачени на цврстата грбна мускулатура.

Тие се централен и функционален дел на уринарниот систем. Бубрезите се парни органи, па ако едниот „откаже“ или ја намали функцијата, тогаш другиот „братски“ ја презема работата на двата и функционира без никакви последици по здравјето на „домаќинот“.

Основната функционална единица на бубрезите се т.н. нефрони, ги има еден милион во секој бубрег.

Нефронот е клопче од капиларни крвни садови во кои се случува филтрацијата на крвта, а потоа следи сложен систем на каналчиња во кои се реапсорбира (се враќа назад во телото) сè што е вредно, а успеало да го мине филтерот.

Значи дека бубрезите како орган се многу „паметни“ и „штедливи“, не дозволуваат ниту грам течност да се изгуби бесполезно.

Бубрезите дневно преработуваат околу 200 литри крв, а нивниот краен „производ“ е 1,5 литар урина. Т
ие ja филтрираат крвта и имаат за цел да го ослободат телото од бројните отрови создадени во текот на неговата работа, но и да го регулираат балансот на течности и минерали во телото.

Покрај оваа витална функција, бубрезите играат значајна „улога“ во регулацијата на крвниот притисок, во корекцијата на киселоста во организмот, во производство и метаболизмот на многу хормони, а играат и значајна улога во терморегулацијата на телото.

Меѓутоа, преку храната и пијалаците ние секојдневно внесуваме прекумерни количина на токсини, а со тоа нашите бубрези дополнително се оптоваруваат.

Ова се некои од најголемите непријатели на бубрезите:

-животински протеини

-солта

-вештачки засладувачи

-кофеинот од кафето и газираните пијалаци

-цигарите и алкохолот

-млечните прозводи

-вештачките адитиви и бои

Овој шејк ќе ви помогне да ги прочистите токсините од организмот:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

½ лимон
1 киви
25 г ореви
1 банана
½ китка магдонос
1 чаша вода

ПОСТАПКА:

Сите состојки ставете ги во блендер (лимонот исцедете го и додадете го сокот). Миксајте додека да добиете мазна изедначена смеса, кој по вкус можете да ја разредете со вода.

Се консумира веднаш после консумирањето.

По желба можете да додадете и половина авокадо или една рака млад спанаќ или прокељ.