Добрата вест е што можете брзо да се ослободите од тешката храна во организмот. Верувајте му на вешто тело, бидејќи тоа знае како да закрепне. Еве некои едноставни совети што ќе ви помогнат да го забрзате прочистувањето на организмот…
Пијте топла вода со лимон
Започнете го денот со топла вода и лимон. Во текот на денот пијте лимонада без засладувачи наместо вода. Така ќе го хидрирате организмот и ќе им дадете шанса на бубрезите и црниот дроб да се детоксицираат.
Пред секое јадење, пијте млак билен чај за цревата правилно да ви функционираат. Чајот од анасон е одличен избор, бидејќи спречува дуење, констипација, гасови, киселини, па дури и иритација на цревата.
Дајте и’ предност на растителната храна
Нема потреба да гладувате по празниците за да ги изгубите додадените калории. Многу е важно секој да јадете разновидна храна која опфаќа овошје, зеленчук и растителни протеини. Задолжително јадете супа од зеленчук и тоа во големи количини.
Интервал на гладување 8/16
Овој познат интервал на гладување е едноставен начин да добиете предност и да се ослободите од вишокот килограми. Последниот оброк изедете го најдоцна во 19 часот. А потоа, 16 часа не смеете да јадете ништо. Тоа значи дека следниот оброк треба да ви биде во 11 часот, а пред тоа да не јадете ништо. Смеете да пиете кафе, чај и лимонада. Овој систем на гладување е научно докажано корисен, бидејќи ги согорува мастите, го обновува дигестивниот систем и слично.
Физичка активност
Физичката активност од кој било вид е корисна. Шетајте, возете велосипед, санкајте се, одете на тренинг, вежбајте гимнастика… Кое било вежбање ќе ви го подобри расположението и ќе ви го поправи здравјето.
Сауна и бања
Високата температура ги отстранува токсините преку потење што е важно за детоксикација и губење килограми.
Јадете паметно
Одбегнувајте прејадување. Едноставно јадете кога сте гладни и јадете по малку. Следете го правилото според кое треба да престанете со јадење во оној момент кога ќе почувствувате дека сте 80% сити.
Храната може да излечи, но исто може и да го разболи човекот, ако не се внимава што се јаде, како се јаде и со кого се каде.