Знаевте ли дека на усните се наоѓаат над милион нервни завршетоци? Поради ова, нашите усни се многу почувствителни и од врвовите на нашите прсти.

Неретко, состојбата на усните може да открие многу за вашето здравје, па добро би било да знаете што означуваат разните промени на вашите усни.

Пукнатини на краевите од усните

Плунката што се собира на краевите од усните може да ја исуши кожата и да предизвика пукнатини.

Во овој случај, најверојатно често ги оближувате вашите усни, со тоа создавајќи топлина и влага кои се совршени за развој на инфекции. Токму овие инфекции се најчестата причина за пукнатините.

Доколку често го имате овој проблем, најдобро е да се обратите кај вашиот лекар.

Суви и испукани усни

Кога на организмот му недостасува вода, тоа се манифестира и преку вашите усни.

Сувите усни можат да бидат предизвикани и од климата или стрес. Во овој случај, пијте повеќе вода и нанесувајте хидратантна крема.

Понекогаш, сувите усни се и резултат на алергии, па обрнете внимание и на други симптоми, како на пример чешање.

Испакнатини на усните

Најчесто, овие испакнатини се безопасни и се повлекуваат самите.

Од друга страна, можат да бидат предизвикани и од повреда, како на пример, после инјектирање хијалуронска киселина.

Неретко овие испакнатини можат да бидат и од некоја вирална инфекција, како херпес, за којшто ќе ви биде потребна медицинска нега.

Црвенило околу усните

Најчестата причина за црвенилото околу усните е дерматитис од лижење.

Постојаното лижење на усните ги отстранува природните масла од кожата, па усните стануваат црвени и почнуваат да чешаат.

За да го решите овој проблем, ослободете се од навиката да ги оближувате усните и нанесувајте крема или балсам.

Брчки на горната усна

Доколку одеднаш сте забележале повеќе брчки на вашата усна, причините можат да бидат и физички, и емоционални.

Во овој случај обрнете внимание на лошите навики како пиење од сламка, пушење премногу цигари или изложеност на стрес.

Промена на бојата на усните

Сината нијанса на усните може да биде знак за лоша циркулација на кислородот во крвта. Истата нијанса може да се појави и на прстите на рацете и нозете.

Доколку вашите усни се бели, можно е да станува збор за анемија. Оваа состојба бара медицинска нега.

Исто така, бледите усни можат да бидат поради ниско ниво на шеќер во крвта, проблеми со циркулацијата или недостаток од некои витамини во организмот.

Потечени усни

Потекувањето на усните може да биде знак за алергиска реакција. Доколку сте забележале дека усните ви стануваат поголеми после употребата на одреден продукт, престанете да го користите.

Доколку волуменот на вашите усни се зголеми многу, за кратко време, тогаш побарајте медицинска помош.

Црни дамки на усните

Постојат неколку причини за појава на црни дамки на усните, а не треба да игнорирате ниту една од нив.

Хиперпигментацијата е честа состојба што може да предизвика кафеави дамки. Овие дамки можат да се појават и на образите, носот и челото.

Овие дамки можат да бидат предизвикани и од сонцето, а доколку сте загрижени за нивната состојба, најдобро да го посетите вашиот лекар.