Протест на стотина стоматолози на приватна специјализација, бараат просечна докторска плата

Последната генерација на приватни специјализанти на стоматологија преку мирен протест пред Министерството за здравство побараа до крајот на годината да потпишат договори и да добиваат месечен надоместок во износ на…

Последната генерација на приватни специјализанти на стоматологија преку мирен протест пред Министерството за здравство побараа до крајот на годината да потпишат договори и да добиваат месечен надоместок во износ на просечна докторска плата како и нивните колеги запишани во 2016 година.

Тие порачаа дека се незадоволни од игнорантскиот однос на здравствените власти зошто, како што велат, подолго време барале средба со министерот Венко Филипче, но тој не ги примил на разговор.

Станува збор за околу 130 стоматолози кои се на приватна специјализација на факултетите во Скопје и Штип, кои денес јавно прашаа зошто тие се поразлични од останатите нивни колеги?


Related Articles