Имајќи предвид дека сезоната на настинки и грип е пред нас, важно е да го заштитиме нашиот имунитет како превентивна мерка и да го зајакнеме. За телото да биде здраво и силно во борбата против вирусите и инфекциите, треба да се грижиме за исхраната и внесот на витамини.
Еден од најдобрите начини за зајакнување на имунитетот е свежото овошје и зеленчук. Доколку имате соковник или блендер, време е да ги искористите свежите намирници и да подготвите напиток кој ќе го израдува вашето тело и имунитет.
Сè што ви треба за овој здрав напиток е:
– 1 шака свеж спанаќ
– 1 јаболко
– 1 целер
Сите состојки ставете ги во блендер или соковник и додадете малку вода.
Спанаќот е преполн со многу антиоксиданси како бета каротен, витамини А и Ц, влакна, магнезиум, железо, фолати и многу повеќе.
Целерот е одличен сојузник во борбата за добро здравје. Содржи антиоксиданси и полисахариди за кои е познато дека имаат антиинфламаторно дејство, особено флавоноидни и полифенолни антиоксиданти.
Јаболкото е овошје полно со есенцијални хранливи материи и витамини кои треба да бидат дел од секојдневната исхрана на секој човек.