Бројот на децата Роми кои одат на училиште е релативно мал. Иселувањето, склучување бракови на порана возраст, како и потценувањето на едукацијата од родителите, се дел од причините поради кои овие деца се надвор од училишните клупи. Училиштата имаат податоци дека околу 500 деца не го следат наставниот процес.
Од проектот „Инклузија преку мобилизација“, велат дека преку пребарувањата и дебатите со припадниците од ромската заедница, се трудат да разберат што точно ги спречува родителите за да не ги запишуваат нивните деца на училиште.
Родителите што ги сретнавме во Основното училиште „Браќа Рамиз и Хамди“, сметаат дека децата треба да посетуваат настава.
Освен мајчиниот јазик како изборен предмет, децата Роми, часовите по другите предмети ги следат на македонски јазик. Недоволното познавање на македонскиот јазик, претставува дополнителна причина за децата Роми да бидат далеку од училиштето.