Руската вакцина „Спутник В“ е поефикасна во заштита од индискиот сој делта на коронавирус од вакцините од другите производители, соопшти во вторник Рускиот инвестициски фонд (РДИФ).
– Спутник В е поефикасна против делта сојот кој прв пат се појави во Индија, од било која друга вакцина која ги објави резултатите за тој сој, пренесоа странските медиуми.
Кон крајот на април шефот на рускиот Национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кој ја разви таа вакцина, Александар Гинтсбург рече дека „Спутник В“ произведува доволно антитела за да се избори со индискиот сој на коронавирус.
Русија прва во светот на 11 август минатата година ја регистрираше вакцината против коронавирус. „Спутник В“ досега е одобрен во 60 земји.
Медицинскиот магазин „Лансет“ во февруари објави студија која покажува дека руската вакцина е ефикасна 90 отсто. Вакцината сè уште не доби одобрение за употреба од Европската агенција за лекови.