Шеесет и седумгодишниот Реј Курцвејл сака да ја „продолжи бесконечно нашата долговечност“ и неодамна го повика известувачот на „Фајненшл тајмс“ да појадува со него за да открие што јаде секој ден и зошто.
„Овие намирници ве задоволуваат со значително помалку калории“, тврди Курцвејл и неговите избори воопшто не изгледаат лошо.
На неговото мени се наоѓаат следниве намирници:
На масата се наоѓаат каша, боровинки, димен лосос, скуша, млеко од соја со ванила, зелен чај и црно чоколадо.
Боровинките и чоколадото имаат антиинфламаторни својства и се богати со антиоксиданти. Лососот е богат со масни киселини и се покажа дека има позитивен ефект врз работата на мозокот и ги намалува воспалителните процеси во организмот.
Тој од својата исхрана го исфрлил целосно црвеното месо, и секогаш избира риба за јадење, но исто така и драстично го намалил внесот на шеќери во организмот.
Тој користи и суплименти
Сепак, тоа не е сè. Во неговата потрага по долговечност, храната не е единствениот начин. Порано земал 250 различни таблети на ден, но сега успеа да ги намали на 100. Тој пие 30 од нив во текот на појадокот – додатоци кои го поддржуваат неговото срце, мозок и сексуално здравје.