Интересна салата ако прв пат ја правите. Доколку сте личности кои уживате да готвите и да испробувате нови јадење, нови вкусови ова е вистински рецепт за салата со киноа.

Состојки
2 филџани киноа
1 парче стек
2 компири
1 лимон
зачини по желба

Начин на подготовка:
1. Најпрво ја вариме киноата. На една шолја киноа јас ставав две шолји вода и во тенџере на варев.
2. Во меѓувреме ги вариме и двата компири, месото исто така, и оставаме се да се излади.
3. Откако се ладни ги сецкаме и мешаме заедно сите состојки. Додавам сок од лимон, зачини по желба. Јас ставив сушен босилек, нане, магдонос и малку вегета. Исто ја комбинирав со чери доматчиња.

Да ви признаам од оваа количина на состојки излегува доста салата. Ако сакате помалку преполовете ја количината.