Манекенката Кендал Џенер во интервју за емисијата „Добро утро, Америко“(Good Morning America) со својата интимна приказна се обиде да ја подигне свеста за значењето на менталното здравје за време на овие околности, но и воопшто. Во многу отворен разговор признала дека се бори со анксиозност уште од детство и дека нападите на паника се дел од нејзиното секојдневие, со кое понекогаш многу тешко се носи.
Според неа, она што во текот на годините и помагало, а и сега, е поддршката и разбирањето од нејзината мајка, а и од целото семејство, кои и давале безусловна поддршка и помош.
-Бев многу млада и се сеќавам на чувството како не можам да дишам, ми се врти во глава. Тогаш во паника трчав кај мајка ми и барав помош. Бев многу уплашена, бидејќи мислев дека сум болна. Мајка ми ме носеше кај сите можни лекари, кои констатираа дека физички кај мене се е во ред. Никој никогаш не ми кажа дека патам од анксиозност и напад на паника. Дури пред три години, кога нападите станаа страшни и чести, како да го стопираа мојот живот, ми објаснија од што патам и се ми стана јасно, рекла Кендал.
Таа и порано кажуваше со какво здравствено нарушување се бори, што со оглед на професијата е голем проблем, бидејќи доведува до големи самоограничувања кои произлегуваат од стравот, но прв пат проговори за тежината на борбата.