Во редакцијата на здравство.мк пред неколку минути пристигна информација од неофицијални извори дека во понеделник попладне на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести е примено женско дете на возраст од 2.5 години со знаци за сериозна бактериска инфекција. Претходно детето било релативно здраво, со респираторен инфект третирано 1 недела од страна на матичен лекар. Дента поради влошување на состојбата е донесено на Клиниката.Примено на оддел за интензивна нега, поставено на респиратор, но и покрај сите превземени тераписки процедури после престој од 12 часа детето почина.
Дали имало соодветна грижа, нега, дали биле дадени соодветни лекарства, нема ме информација, како и со која дијагноза починало девојчето и зошто? Нема информации ниту од министерот Филипче, ниту од неговиот кабинет, ниту пак од докторите на детската клиника, некој да се одважи и да излезе да го обелодени случајот и да ги каже фактите и каква е состојбата, зошто се случило, настапила смрт и што се превзема за да се контролира ситуацијата со свински грип, бидејќи очигледно не е под контрола.
Официјално ни ја потврдија информацијата за кратко, неколку доктори од детската клиника при клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за починатото девојче, шесттата жртва на свинскиот грип. Немаме информации за идентитетот и за дијагнозата.
Поради неспособноста на министерот Филипче да ја контролира состојбата со свинскиот грип, информацијата за вчерашната жртва 14-ет годиншното девојче, била затајувана и криена од јавноста, новинарите и медиумите скоро цела седмица. Докторите на инфективната клиника во соработка со кабинетот на министерот и самиот министер за здравство ја криеле оваа информација од јавноста за да је прикријат својата способност за контрола на свинскиот грип.
До кога со вака ниски удари и евтини игри ќе се служи министерот Филипче кога станува збор за здравјето на македонските пациенти? Кога ќе се започне со одговорна работа? Не значи министерот се станува и таа функција нема одговорност, на тоа местро одговорноста е најголема – посочуваат македонските пациенти