Шпанската агенција за лекови и медицински помагала го одобри првото човечко клиничко испитување на шпанската вакцина против коронавирус, на фармацевтската компанија „Хипра“.
Според Агенцијата, во истражувањето ќе бидат вклучени десетици доброволци, на возраст од 18-39 години, кои ќе добијат две дози од вакцината, со разлика од три недели, објави шпанската новинска агенција.
Шпанскиот премиер Педро Санчез објави на Твитер дека е направен голем чекор во борбата против пандемијата.
– Станува збор за вакцината Хипра, направена во соработка со Владата, напиша тој.
Шпанија е една од земјите најтешко погодени од коронавирусот. Во текот на изминатото деноноќие во Шпанија беа регистрирани нови 17 023 случаи на заболени со Ковид-19 и 93 починати. Со ова бројот на дијагностицирани се искачи на 4,66 милиони, а бројот на починати изнесува 82 320 лица.