Шпанија се откажа од можноста повторно да ги отвори копнените граници на 22 јуни, како што претходно денеска најави еден министер, предизвикувајќи забуна во соседна Португалија, која побара појаснување.
Границите со Франција и Португалија се затворени за повеќето луѓе откако Шпанија воведе рестриктивни мерки кон средината на март за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Владин извор рече дека Мадрид сè уште го разгледува планот за повторно отворање на копнените граници и оти за тоа ќе разговара за тоа со Франција и Португалија, побивајќи ја денешната изјава на министерот за туризам Рејес Марот.