Зошто треба да бидете внимателни со старомодниот трик со ладна вода.
Сигурно сте слушнале за трикот дека кога ќе се изгорите, треба изгореното место да го држите под ладна вода околу 20 минути. На тој начин ќе го намалите ризикот од оштетување на кожата или подлабоко оштетување на епидермот.
Меѓутоа, експертите велат дека овој старомоден трик не е секогаш најдоброто решение.
Доколку се работи за дете и поголема изгореница, со држењето на оштетената кожа под млаз на ладна вода ризикувате драматично да му ја намалите температура на телото и да предизвикате други здравствени проблеми.
Во тој случај, тие препорачуваат да го завиткате детето во топло ќебе, а изгореното место да го ставите под млаз ладна вода. Ќебето ќе ја одржи температурата на телото, а ладната вода ќе ја направи својата „магија“.
Во случај веќе да ви се појавиле плускавци или кожата ја сменила бојата откако сте ја изладиле, оштетената површина покријте ја со самолеплива пластична обвивка. Ова би требало да го смири црвенилото и да направи пликот да исчезне.
Треба да се напомене дека е важно ладењето да се изврши веднаш, бидејќи ефектот подоцна е послаб. Исто така, голема грешка е да се користат „народни лекови“ како што се масло, маснотии, путер, брашно, кромид, паста за заби, лист од тегавец и слично, бидејќи на овој начин се зголемува ризикот од инфекција.