Нема ништо поубаво од попладневна дремка после вкусен ручек, но многу лекари советуваат дека тоа никако не треба да го практикуваме, бидејќи може негативно да се одрази на нашето здравје. Еве што се случува во нашиот организам кога ќе прилегнеме веднаш после оброкот.
Според објаснувањата на еден светски познат гастроентерохепатолог, постои можност храната која само што сме ја консумирале да се врати назад во грлото заедно со дел од желудочната киселина. Доколку се случи тоа, може да се појават киселини, пецкања во градите и грлото, може да се создаде кисел вкус во устата, а може да се јави и повраќање.
Едно истражување објавено во списанието „Applied Phychology, Nutrition, and Metabolism“, покажало интересни резултати. Според него, положбата на телото влијае на варењето на храната, поточно на апсорпцијата на хранливите материи. Истражувачите проучувале како јадењето во седечка, стоечка или лежечка позиција влијае на варењето на храната. Тие откриле дека јадење во лежечка положба поттикнува празнење на желудникот и ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи-аминокиселините.
Вистина е дека не постои сценарио во кое лежењето на кревет по оброк би било препорачливо. Експертите објаснуваат дека личностите со одредени здравствени проблеми треба да бидат особено внимателни. На прво место се лицата со нарушен гастроезофагеален рефлукс.
По правило најдобро е по оброк да седиме или најмалку 30 минути да пешачиме. Исто така е важно во кое време вечерате за да не одите на спиење со полн стомак. Затоа последниот оброк во текот на денот би требало да биде најмалку 2 часа пред да одите на спиење, а најдобро би било кога после вечерата би направиле кратка прошетка.