Млечните производи се важен извор на хранливи состојки, но многу луѓе во последно време развиваат интолеранција на лактоза.
Тоа се случува така што лактоза директно оди во цревата пред да се процесира или апсорбира во телото, така најчестите симптоми се надуеност, грчеви, пролив.Голем дел од луѓето развиваат интолеранција на лактоза во подоцнежните години што значи дека можеби воопшто немале никаков проблем во текот на доењето и нивното детство.
Освен лактозата, голем проблем кај луѓето може да се јави од протеинот кој е присутен во млекото казеин.
При интолеранција или алергија на лактоза или казеин, потполно треба да се исфрлат од исхраната ваквите производи, но треба да се земе дека тие изобилуваат со калциум, белковини и магнезиум, но и пробиотици кај јогуртот. Затоа и треба да се најде соодветна замена или пак да се користат суплементи во исхраната.
Позитивните промени кои настануваат во нашето тело се следните:
Нема да чувствуваме болка во стомакот и надуеност
Кога телото не може да ја свари лактозата, во цревниот тракт се создаваат киселини и гасови кои предизвикуваат болка во стомакот и надуеност. Кога ќе престанеме да ги конзумираме млечните производи, можеме да забележиме дека ваквите симптоми ќе исчезнат.
Ќе намалиме неколку килограми
Лактозата е шеќер, а шеќерот придонесува за дебелеење. Кога ќе ги исфрлиме млечните производи од исхраната, најголемата промена која ќе ја забележиме се изгубените килограми.
Ќе се нормализира варењето
Кога организмот не може да ги свари млечните производи, честа е појавата на непријатност во стомакот. Со избегнувањето на млечните производи, столицата ќе се нормализира.
Цревата ќе бидат поздрави
Кај луѓето кои не толерираат млечни производи, млекото, сирењето и млечните производи можат да предизвикаат цревни бактерии и други неправилности. Таквите состојки доведуваат и до замор, иритација на желудникот и мачнина.
Кожата ќе ви се разубави
Нашите тела ги исфрлаат токсините на 3 начини: мокрење, столица и низ порите. Чувствителноста на млечни производи може да се манифестира и на кожата во облик на митереси, акни, осипи, па дури и егземи.