Синоќа во Општата болница Прилеп е извршено физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница. Случајот бил пријавен од страна на болницата до Министерството за внатрешни работи, а веднаш била повикана и полиција. Обезбедувањето на болницата забележало дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата.
Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата. Во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти, па вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите. Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот.