Вардар, Лепенец, Треска и Пчиња како останатите површински води во скопско се загадени. Граѓаните не треба да ги користат ниту за капење ниту за наводнување на земјоделските површини, предупредуваат од Центарот за јавно здравје Скопје.
-Површинските води се максимално загадени и апелирам до сите граѓани да внимаваат и да не ги наводнуваат посевите со пипер, патлиџан, зелка со фекално загадени води зошто на тој начин луѓето преку плодовите ги внесуваат тие бактерии кои се опасни по здравјето на луѓето, изјави прим.д-р Љупчо Костадиновски, началник на одделот за хигиена во ЦЈЗ Скопје.
Доктор Костадиновски од скопскиот центар за јавно здравје тврди дека јавните базени во Скопје се безбедни за капење. Не нашле ниту една бактерија во водата која тие ја испитуваат 4 пати месечно.