Сите за короната, Спасовски за избори: Морало избори на 5 јули

Додека рапидно расте бројката на новозаразени и починати од коронавирус во Македонија техничкиот премиер Оливер Спасовски упорно ја тера партиската агенда на СДСМ за брзи избори. -Јас посакувам политичките партии…

Додека рапидно расте бројката на новозаразени и починати од коронавирус во Македонија техничкиот премиер Оливер Спасовски упорно ја тера партиската агенда на СДСМ за брзи избори.

-Јас посакувам политичките партии да имаа разбирање и консензус, пред се за почитувањето на Уставот и на законите. Се разговараше, добро е за демократскиот капацитет сите политички партии да учествуваат на изборите, а во оној момент кога не можат да се договорат политичките лидери, одговорноста мора да ја преземат институциите на системот. Ние вчера разговаравме и на Советот за безбедност се донесе одлука за продолжување на вонредната состојба за уште 14 дена, пред се, заради спроведување на економските мерки, заради можноста да се носат одлуки, уредби со законска сила за имплементација на овие мерки и согласно на тоа, ако се пресмета детално ќе видите дека изборите треба да се одржат на 5 јули — рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали СДСМ ќе излезе на избори без постигнат консензус со ВМРО-ДПМНЕ и како ќе се спроведува кампањата.

На изјавата на техничкиот премиер реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека Оливер Спасовски повика на избори на 5 јули во деновите кога се достигнува пикот на заразата со над 50-тина заразени и тоа значи дека Спасовски и Заев се директно одговорни за секој заразен и починат човек поради заразата со Ковид, затоа што тие нешто заштита на здравјето, паметот им е во фотелјите.

Поголема зараза од Ковид, е заразата на лудилото наречено Заев-Спасовски кој ја втурнува државата во изборна кланица. Заев и Спасовски стануваат џелатите на сопствениот народ и губат контрола над работите. Во оваа држава приоритет број еден мора да биде здравјето на граѓаните. Лошите резултати со кои се соочуваме денес, се последица на лошото менаџирање во текот на изминативе 3 месеци, Комисијата за заразни болести која работи под диктат на Заев и наместо да работат самостојно беа само извршител на диктатите и политички желби на Зоран Заев, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.


Related Articles