Денеска Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13 914, бројката на оздравени пациенти е 10 507, на починати е 578, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 2 829. Најмногу активни случаи има во Скопје 884, Куманово 361, Гостивар 286, Штип 228 и Тетово 180.
Во Скопје по завршените епидемиолошки анкети, дистрибуцијата по општини изгледа вака:
- Чаир – 117
- Гази Баба – 112
- Аеродром – 104
- Карпош – 91
- Центар – 91
- Кисела Вода – 98
- Ѓорче Петров – 58
- Бутел – 68
- Шуто Оризари – 37
- Студеничани – 22
- Сарај – 26
- Арачиново – 15
- Илинден – 12
- Сопиште – 8
- Чучер Сандево – 7
- Петровец – 8
- Зелениково – 4
- Странец – 5
- Нераспределен – 1