Овие резултати се според мерења на квалитетот на воздухот нешто пред 23 часот.
Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерени до 22:46 часот според апликацијата „Мој воздух“ го покажуваат енормното загадување во Скопје. Во Центар е 230 mg/m3, Карпош 314 mg/m3, Ректорат 336 mg/m3, Бутел 203 mg/m3, Аеродром 294 mg/m3, Козле 229 mg/m3, Илинден 221 mg/m3…
Максимално дозволена концентрација на ПМ10 во воздухот е 50 микрограми на метар кубен.
Мерните станици за мерење на ПМ10 веќе подолго време не работат во Гази Баба, Лисиче и Ѓорче Петров.