Во Словенија од денеска без никакви рестрикции може да влезат граѓани од 17 земји кои се дел од Европската Унија, но и од земји кои не се во ЕУ.
Претходно на граѓаните на Австрија, Хрватска и Унгарија им беше дозволено да ја помина границата на Словенија, а денеска таа листа е проширена за уште 14 земји.
На листата се државјаните на Бугарија, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Германија, Грција, Исланд, Летонија, Литванија, Лихтенштајн, Норвешка, Словачка и Швајцарија.
Доколку ситуацијата со коронавирусот во некоја од овие земји се влоши, истата ќе биде тргната од листата.
Државјаните на земјите кои не се на листата ќе мора да одат во задолжителен 14 дневен карантин, а исклучок се работниците на во меѓународниот сообраќај, лицата кои го извршуваат товарниот сообраќај, транзит патувањата и сопствениците на дипломатски пасоши.