Словенија размислува за воведување на парични казни за невакцинираните лица кои ќе завршат во болница поради Ковид-19

Во Словенија која деновиве има пад на епидемиолошките трендови но сѐ уште има оптоварен здравствен систем со болни од ковид-19, се размислува за воведување некаков вид парично казнување на оние…

Во Словенија која деновиве има пад на епидемиолошките трендови но сѐ уште има оптоварен здравствен систем со болни од ковид-19, се размислува за воведување некаков вид парично казнување на оние кои не се вакцинирани, а ќе завршат во болница поради коронавирус. Ова во разговор за Словенско радио го потврди Бојана Бејовиќ, главниот инфектолог во владиниот совет за епидемија и претседателка на Лекарската комора.

– На една страна се оние кои беа одговорни и се вакцинираа, а на друга оние кои не сакаат да се вакцинираат, но сепак ги уживаат сите бенефиции, вели Беовиќ, додавајќи дека затоа има иницијативи невакцинираните кои ќе завршат в болница да платат дополнителна партиципација, односно дел од трошоците за свото лекување.

Таа смета дека плаќање партиципација за невакцинираните би било праведно решение. Сепак, Беовиќ е против воведување задолжителна вакцина оти смета дека тоа би имало спротивен ефект и би предизвикало јавно противење на имунизацијата. Таа смета дека некои работодавачи би требало на своите вработени да им определат вакцинација како услов за работа, но само ако за тоа постојат законски можности.

Во Словенија во последните 24 часа има 2.100 нови заразени од коронавирус, односно околу 500 помалку отколку претходните денови. Но, бројот на хоспитализирани сѐ уте не е опаднат.


Related Articles