Двајцата ученици од неготинската гимназија кои доцнеле на екскурзијата во Италија поради тоа што се успале, па биле оставени и не ја посетиле Франција, си ја признале грешката.
Ова го напишале нивните родители во изјавите до која дојде МИА, а на едната од нив се гледа дека е доставена до училиштето.
Во тие изјави, родителите бараат класната на средношколците да не сноси одговорност.
Две класни раководителки минатата седмица беа разрешени од класното раководителство поради овој случај.