Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.953 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 26, Радовиш – 9, Куманово и Кратово – по 6, Прилеп – 5, Битола, Струмица, Кочани и Кичево – по 4, Неготино и Делчево – по 3, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Свети Николе – по 2,Кавадарци, Штип и Крива Паланка – по 1.
Регистрирани се 197 оздравени пациенти од: Скопје – 91, Прилеп – 25, Охрид – 14, Куманово – 12, Битола – 10, Велес – 7, Струга и Кавадарци – по 6, Штип и Гевгелија – по 4, Кочани, Кичево, Свети Николе и Виница – по 3, Струмица и Берово – по 2, Тетово и Пехчево – по 1.
Пријавени се вкупно 17 починати лица: 5 лица од Скопје (66г,71г,76г,79г и 80г), 3 лица од Тетово (60г,70г и 73г), 2 лица од Куманово (73г и 82г) и по 1 лице од Прилеп (58г), Штип (58г), Кичево (81г), Струмица (59г), Гостивар (47г), Ресен (80г) и Богданци (70г). Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 15 во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 763.451 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.891, бројката на оздравени пациенти е 146.499, на починати е 5.249, а бројот на активни случаи изнесува 3.143.