Дали некогаш сте почувствувале стрес поради тоа што не сте ги исполниле очекувањата кои сте ги имале од себе за време на еден работен ден? Што мислите, дали одењето на тренинг ќе ве отргне од овој навидум беспомошен напад на анксиозност.
Одамна заклучивме дека занимавање со некој спорт влијае позитивно како на физичкото, така и на менталното здравје. Спортските активности, покрај ова, позитивно влијаат на различни емоционални состојби – особено на чувство на вознемиреност, депресија и стрес. Со вежбање, стекнувате подобра самоконтрола и подобро разбирање на себе си.
Важно е да се напомене дека секогаш кога ќе се одлучите да започнете да се занимавате со спорт – ефектите секогаш ќе бидат исти, т.е. никогаш не е доцна да се бориме против горенаведените состојби.
Точно е дека анксиозните луѓе немаат желба за какво било движење – со тоа е потребно да вложите многу труд и да се натерате себе си да почнете да бидете физички активни, а напредокот многу брзо ќе се почувствува.
Анксиозните луѓе по занимавањето со спорт се помалку напнати, се чувствуваат порелаксирани, имаат поквалитетен сон, фокусот е подалеку од мислите кои нè оптоваруваат, имаат поголема самодоверба, имаат подобра техника на дишење (луѓето кои страдаат од анксиозност обично дишат брзо и плитко). Исто така, ќе се ослободи и хормонот ирисин – чија секреција е поврзана со анксиозно пореметување.