Железото е минерал неопходен за нашето здравје, па неговиот недостиг доведува до здравствени проблеми предизвикано од анемија.
Симптомите се млитавост, несвестица, забрзано срцебиење, инфекции, раздразливост, бледа кожа, ладни дланки и умор.
Недостигот од железо е најчестиот дефицит во исхраната и се смета дека околу 20% од жените страдаат од тоа.
Производи богати со железо
Најдоброто решение е секојдневно да консумираме производи и напивки богати со железо. Риба, месо, јајца, џигер и други внатрешни органи, школки и морски плодови, коприва, спанаќ, зелена салата, цвекло и морков се производите што се препорачуваат.
Напивки што во себе содржат железо
- Со оглед на тоа што спанаќот е одличен извор на железо, направете зелено смуди. Оваа напивка ќе ве наполни со неопходниот минерал.
- Одлично решение е напивката од цвекло кое ќе го измешате со овошје.
- Организмот многу добро го апсорбира железото во комбинација со витамин Ц. Портокалите, јаболката, лимонот или морковот ја обезбедуваат потребната доза на корисни материи.
- Сокот од сливи исто така е одличен извор на железо, како и сокот од јагода и лубеница.
- Исто така, сокот од домати, сокот од моркови и сокот од целер, ќе ви ја даде потребната доза железо.
- Колку и да ви звучи чудно, сокот од зелена салата ќе ви обезбеди доволна количина железо, а покрај тоа, корисен е и за добар метаболизам.
- Сокот од калинка е вистински мелем за организмот.