Сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец правец не’ очекува денес.
Температурите во земјава ќе се движат од -3 до 4 степени наутро, а дневните температури ќе достигнат од 13 до максимални 18 степени.
Во Скопје и околината сончево со мала облачност. Утринската температура е 1 степен, а максималната дневна 15 степени.
Поголема промена на времето ќе има од вторник кон крајот на денот, која ќе биде проследена со зголемување на облачноста, засилен ветер и значително опаѓање на температурата. Во текот на ноќта кон среда и во среда во пониските места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините и повисоките места од снег.