Во Тетово е заблежано драстично зголемување на бројот на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација поради Ковид-19. Според информациите вкупно 26 лица се наоѓаат на болничко лекување на инфективното одделение, интерното одделение и во модуларната болница. Доктор Гзим Нуредини кој е координатор во ковид центарот во Тетово изјави дека вчера имале 6 амбулантски прегледи, што не се случило уште од есенскиот бран. Тој предупреди дека состојбата е алармантна и дека очекуваат нови хоспитализации.
– Навистина е алармантно во споредба со лани овој период кога беше поблаго и подобро. Ако ме прашувате за новоинфицирани, тоа е резултат на зголемен број на тестирања, некои патуваат, некои се враќаат назад, тоа е еден фактор. Зголемување на хоспитализираните пациенти е поради мерките како да заборавија граѓаните на пандемијата, не носат маски, нема дистанца, има групирање итн. Овие свадбени или други свечености што се организираа допринесува да имаме зголемен број на позитивни пациенти во болница, изјави д-р Гзим Нуредени, координатор во Ковид центарот.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од болничко лекување пуштена е во употреба е и модуларната болница, а се оценува дека состојбата е алармантна. Таа веќе згрижила 4 пациенти и во моментов функционира нормално, но како што посочува Нуредини луѓето се олабавени, а пациентите се стари лица кои не излегле надвор.
– На младите не им е гајле ама жртва се старите дома. Тие што се жртва и седат дома изолирани, ќе бидат инфицирани. Сите што побргу да се вакцинираат, вакцината помага, клиничката слика ќе биде полесна кај секого, вели Нуредини.
Од хоспитализираните 26 пациенти само еден не е на кислородна поддршка.
– Што се однесува до вакцинален статус, четири од нив се вакцинирани само со една доза, еден пациент е комплетно вакциниран, тој е релативно добро. Пациентот е некаде на 67-годишна возраст. Што се однесува до возраста на пациентите имаме 31, 37 години, и другите се над 65 години. Сите овие пациенти се со прекумерна телесна тежина, имаат и други коморбидитети, со срцева слабост, бубрежни проблеми и некои се со респираторни хронични болести, рече Нуредини.
Меѓу хоспитализираните се и печалбари дојдени од Германија и Италија, се јавуваат и кластери како и изолирани случаи.