„Не успеавме да обезбедиме соодветна дисциплина, владата донесе одлука, која е непопуларна за заштита на здравјето на луѓето. Во сите урбани средини апсолутно е забранет излез за луѓе постари од 65 години, а за помалите места, забрана за сите постари од 70 години. Засега три градови се погодени: Белград, Кикинда и Ниш се најпогодени, а Чачак помалку“, соопшти претседателот на Србија Александар Вучиќ по вечерашната седница на владата, на која се донесени заострени мерки за борба против коронавирусот.
„Ќе се отворат од 4 до 7 сите супермаркети само за постари лица, со сите заштитни маски и ракавици да можат да купат се што им е потребно. Од 20 часот до 5 часот наутро важи забрана за движење на сите лица, никој не може да биде на улица, освен надлежните органи и оние кои работат во трета смена. Војската ја презема конттолата на сите гранични премини, врз сите мигрантски кампови и сите болници во државата“, соопшти Вучиќ.
35 800 српски државјани се вратиле за еден ден, а над 45.000 за ден и половина, соопшти Вучиќ. Од над 7.000 контролирани, дома не се најдени над 80% во самоизолација.
Изборите се одложуваат, изборните активности се прекинуваат. Датумот на изборите ќе се договори кога Србија ќе се избори со корона вирусот.