Во текот на вчерашниот ден, Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, одржа прес конференција на која зборуваше за постапките и непостапувањата на јавното обвинителство кон криминогените дејствувања на поранешниот директор на ФЗОМ. Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прави компромиси со криминалот и она кон што ќе се стремат ќе биде воспоставување на правна држава, но и обнова на Македонија.

-Јавното обвинителство на Рускоска се однесува како да е во директна спрега со Ден Дончев кој нелегално се стекнал со сума од над 3 милиони денари. Јавното обвинителство чека медиумите први да обелоденат па потоа да покрене истрага за предмети за кои има информации и докази. Зошто и кој го штити Дончев? Јавното обвинителство вчера потврди дека се води истрага за Дончев кој лани, речиси пред една година се стекнал со незаконски приходи од над 3 милиони денари, посочи Стојаноска.

-Што чекаше Јавното обвинителство една година и зошто не отвори истрага против Дончев!? Ден Дончев лани во тек на чест месечен период примил над 50 000 евра од страна на муртинската фирма Ремаркер за консултантски услуги кој ги давала истовремено додека бил директор на ФЗОМ што е спротивно на законот. Донче директно го прекршил членотт 44 од законот за спечување на корупција и судир на интереси и земал пари од дејност која не смеел да ја извршува во исто време кога и директорувал со ФЗОМ. Јавното обвинителство, со своето нереагирање, го штити Ден Дончев – главниот играч на Заев?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нејасно е зошто ЈО чекало цела година за да отвори истрага и со тоа да дојде до потенцијално перење на пари. Дополнително ЈО треба да одговори зошто го толерира Дончев?.

-Сега веќе поранешниот директор на ФЗОМ – Ден Дончев, со своето дејствување, направил низа незаконски дејствија и треба веднаш да се соочи со кривична одговорност.

-Доколку тоа не се случи сега, јавно им кажуваме на граѓаните на Република Македонија дека одговорност за овој и останатите криминални случаи ќе има во оној момент кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт и кога конечно ќе започнеме со воспоставувањето на правната држава и обновата на Македонија.

Ова ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДС. Ова ВМРО-ДПМНЕ не прави компромиси со криминалот.