СВЕДОШТВО ЗА КУРИР: Македонски патници преживуваат голгота на Малта- авионот им е откажан, МНР одбива да им помогне

Македонски патници од утрово се заглавени на аеродромот во Малта без никаква најава, а авиокомпанијата Визер е единствената компанија која од овој аеродром го откажал летот кон нашата земја, дознава…

Македонски патници од утрово се заглавени на аеродромот во Малта без никаква најава, а авиокомпанијата Визер е единствената компанија која од овој аеродром го откажал летот кон нашата земја, дознава КУРИР.

Македонците побарале помош и од Министерството за надворешни работи кое ги оставило сами на себе објаснувајќи им дека не можат да им помогнат.

Тие побарале и помош од македонската амбасада во Рим, но ни од таму никој не им одговара на повиците за помош.

Во разговор за КУРИР тие велат дека во моментов тие се оставени само да чекаат, а не смеат да го напуштат аеродромот, ниту да купат храна.

Дел од македонските патници се обиделе да најдат алтернатива како да се вратат дома, па чекираат карти до други држави, а со тоа движењето во време на коронавирус е уште поопасно.

Инаку Малта не откажала ниту еден друг лет денеска, а патниците бараат и помош од нашата држава за побрзо враќање дома.


Related Articles