Во текот на вчерашниот ден Светската здравствена организација посочи дека се очекува високо ниво на инфекција со Ковид-19. Причината за ваквите очекувања се бројките на заболени кои се зголемени за три пати во текот на еден месец. Генералниот секретар на СЗО за Европа, Ханс Клуге посочил дека вирусот ќе циркулира на високо ниво ова лето поради укинувањето на социјалните мерки од страна на земјите во Европа.
– Вирусот нема да исчезне само затоа што државите престанаа да го контролираат. Продолжува да се шири, да се менува и да убива, нагласи тој.
Предводен од подваријантата омикрон БА.5, коронавирусот се шири во педесетина земји кои припаѓаат на европскиот дел на СЗО, а оваа недела тие се приближија до дневната бројка од 500.000 новозаразени, анализираат надлежните. На крајот на мај таа бројка беше 150.000 лица, според податоците на СЗО.
Речиси сите европски земји имаат пораст на бројот на заразени со коронавирус, а на листата водат Португалија, Луксембург, Франција, Грција, Кипар, Германија и Австрија, известуваат светските медиуми.