СЗО: Над 95% од починатите лица во Европа имале над 60 години, но Ковид-19 не ги погодува само повозрасните

Повеќе од 95 проценти од починатите лица, од последици од новиот коронавирус во Европа, имале над 60 години, но погрешен е ставот дека со Ковид-19 се заразуваат само повозрасните лица,…

Повеќе од 95 проценти од починатите лица, од последици од новиот коронавирус во Европа, имале над 60 години, но погрешен е ставот дека со Ковид-19 се заразуваат само повозрасните лица, изјави денеска директорот на канцеларијата на Светска здравствена организација во Европа, д-р Ханс Клуге.

Тој додаде дека годините не претставуваат единствен ризик за заболување.

– Самата идеја дека Ковид-19 ги погодува само повозрасните луѓе всушност е погрешна. Младите луѓе не се непобедливи, посочи Клуге на онлајн прес-конференција во Копенхаген.

Тој додаде дека 95 проценти од заразените со Ковид-19 се постари од 60 години, а повеќе од 80 отсто од починатите имале над 80 години, кои имале и други болести, како кардиоваскуларни проблеми, хипертензија или дијабетис.

– Тешки случаи на болеста има и кај тинејџери или над 20 години, на многумина им е потребна интензивна нега, а некои, за жал починаа, наведе Клуге.

СЗО претходно соопшти и дека од 10 до 15 проценти од инфицираните луѓето се помлади од 50 години.

Во светот досега се регистрирани 950.708 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 48.311, а оздравеле 202.826 луѓе.


Related Articles