Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, денеска предупреди дека пандемијата со Ковид-19 ќе заврши само кога ќе се вакцинира најмалку 70 проценти од светската популација. Тој упати повик да се забрза процесот на вакцинација и сите да бидеме внимателни додека полека се олеснуваат ограничувањата.
– Немојте да мислите дека пандемијата е готова. Пандемијата ќе престане само кога ќе се вакцинираат најмалку 70 проценти од населението, изјави Клуге во Копенхаген, изразувајќи жалење за „се уште пребавната вакцинација”, вклучувајќи ја тука и Европа.
Во Европа е зголемена инфективноста од новите видови што дополнително предизвикува загриженост. Белгискиот лекар посочи дека верзијата Б.1617 (првпат откриена во Индија) е позаразна од Б.117 (прва откриена во Велика Британија), што, пак, е позаразна од претходниот сој.
Инаку во Европа само 26% од населението примило прва доза од вакцината, на ниво на 53 територии, колку што европскиот регион има според стандардите на СЗО. Француските медиуми, пак, пренесуваат дека во Европската унија 36,6 проценти од населението примило барем една доза од вакцината, а 16,9 проценти се целосно ревакцинирани.
Индиска верзија на коронавирусот е присутна во 27 од 53 земји во оваа област, каде што бројот на нови инфекции и смртни случаи опаѓа петта недела по ред, достигнувајќи го најниското ниво од средината на октомври.