Луѓето кои се сомневаат дека се заразиле со новиот коронавирус не треба да земаат Ибупрофен, без да се конслутираат со лекар. Тоа го соопшти СЗО фокусирајќи се на студија за можен негативен ефект од тој лек, јави ДПА.
Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, на прес-конференција во Женева изјави дека претходните студии не откриле врска на ибупрофен со зголемено ниво на смртност, но додаде дека експертите во моментов вршат испитување.
-Доколку сами се лекувате препорачуваме Парацетамол, а не Ибупрофен, нагласи тој. Изјавата беше дадена откако француски експерти предупредија за несакани последици од употреба на ибупрофен, аспирин и други лекови против Ковид-19.