Светската здравствена организација денеска соопшти дека во текот на изминатата недела се регистрирани над 2,6 милиона нови случаи на коронавирус и 57.000 смртни случаи на глобално ниво. Од вкупниот број на новоинфицирани, 10 проценти се регистрирани во Европа, или 372.000. Инциденцата на инфекцијата скокна за 2%, додека бројот на смртни случаи е опаднат за 10%, што е најниско ниво од ноември 2020 година.
Според СЗО, коронавирусот досега е идентификуван кај повеќе од 180 милиони лица, а досега умреле 3,9 милиони луѓе. Најголемо зголемување на нови случаи е регистрирано во Африка, во источен Медитеран и Европа, додека бројката на новозаболени е намалена во регионот на западен Пацифик и југоисточна Азија.
Според СЗО, се шират видовите на вирусот што се класифицираат како „загрижувачки“. Тоа особено се однесува на алфа сојот, што беше откриен во Велика Британија, а веќе е регистриран во 172 земји, бета сојот со потекло од Јужна Африка сега циркулира во 120 земји, бразилскиот гама сој во 72, додека индискиот сој само во последната недела е проширен во уште 11 земји и сега е регистриран во вкупно 96 држави од светот.