Скопјанец пријавил дека неговиот син исчезнал од скопските клиники, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 17.15 часот во Полициската станица Карпош, Д.А. (46) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 01.00 часот од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во непознат правец се оддалечил неговиот син К.А. (23).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.