Нормално отидоа 78.000 денари за покривање на тоа што се проба да се намести и око не сака да му трепне на министерот тој си тера по агенда и понатаму, „тендерот мора да се намести“. Еве на што веќе не предупредуваа и потсетуваа од опозицијата меѓутоа колку народот и да се бунеше власта ни го донесе и го постави за министер, сега тука е ама тоа не значи дека треба да го трпиме, народот и јавноста јасно и гласно кажуваат ваков министер не сакаме. Оставка!
Кога некој е решителен ете тоа како изгледа, но да се биде решителен и да се при тоа заврши некоја од постоечките работи по клиниките или клиничкиот центар кои што лежат во воздух и се проблем секој би го сакал и посакувал како министер Филипче и би барале да му се продолжи мандатот кога ќе му дојде време, ама вака со прикривање, подметнување, фаворизирање а сите знаеме зошто ги фаворизираш одредени компании, неможе!
Вака министер не се останува и со работата што ја имаш утнато, несработено и ненаправено, уште помалку си актуелен и сакан помеѓу македонскиот пациент – му порачаа пациентите од клинички центар на Филипче.