Втора вечер по ред, тетовчани дишат воздух четири до осум пати позагаден од дозволеното. ПМ 10 честичките вчера се искачија на 460 микрограми на метар кубен..
НВО секторот коментира и посочува дека општината не презема мерки против загадувањето, како што е миење на улиците или казни за малите и средните фирми кои ја загадуваат животната средина.
“Освен што не се инвестира, не се преземаат дури и конкретни работи кои не бараат инвестиции, инспекторатот не работи како што треба. И, секако ќе се вратиме на старите методи, со активизирање на граѓаните и протести”, рече Елмедин Абдулахи од Организацијата “Мајка и дете”.
“Кој е осуден во Македонија за животната средина? Видовме во Бугарија дека министерот за екологија заврши во затвор, но кој доби кривична пријава од судот или обвинителството за проблемите со животната средина? Тука се наметнува прашањето дали политичарите кои дојдоа на власт ветувајќи подобар квалитет на воздух и тоа не успеа да го остварат како ветување, по завршување на мандатите треба веднаш да се судат или може да се започне процес уште во текот на годинава? Проблемот е што граѓаните ја изгубија надежта дека нешто ќе се подобри и поради тоа илјадници млади секој ден бегаат од земјата, владата, власта и нејзините мерки се вистинските виновници за заминувањата”, рече Аријанит Џафери. Еко Герила.
Општина Тетово втора година по ред, нема обезбедено средства во општинскиот буџет ниту план ниту средства за борба против загадувањето. На крајот сепак не се битни мерките и дали нешто ќе се подобри во начинот на живот на граѓаните, на оваа власт се гледа дека најбитното и беше да дојде на власт и тука завршија намерите, желбите, барањата нивните аспирации, сега сите ветувања, изборни пропаганди и политички дадени програми стагнираат и паѓаат во вода, сега се битни тендерите, провизиите на кого колку ќе му „падне секирата во мед“, додека граѓаните и загадувањето не се нешто што ги загрижува денешната власт и денешните политичари. И покрај тоа што сите го дишиме истиот воздух, политичарите некако загадениот воздух помалку ги засега кога се во можност да добијат, обезбедат или доделат тендер на некој свој близок или на себе. Дали ПМ 10 честичките не се таложат во организмот на политичарите слично како и линданот?До кога со негрижата на СДСМ за граѓаните, средината, општеството, државата?
Поради тоа граѓаните по социјалните мрежи прашуваат дали поради продолжувањата на загадување на воздухот и постојаното присуство на ПМ честичките во воздухот ќе одговара заменик министерот за Екологија и Животна средина, Јани Макрадули?