Триглицеридите се еден од видовите масти во телото, а нивната главна улога е да обезбедат енергија за нормално функционирање на клетката и складирање на вишокот калории што се внесуваат преку исхраната. По оброкот, целиот вишок се претвора во триглицериди кои се депонираат во масното ткиво.
Високото ниво на триглицериди игра значајна улога во развојот на болести на срцето и крвните садови.
Пациентите кај кои најчесто гледаме покачени нови триглицериди се генерално многу слабо активни, често пушачи, имаат несоодветна исхрана, ретко јадат, а обилно и изобилно консумираат многу животински и растителни масти, многу слатки и газирани пијалоци, често алкохол – вели општиот лекар д -р Анѓела Ратковиќ.
Зголемените триглицериди многу успешно се намалуваат со соодветна исхрана со физичка активност и откажување од пушење. Многу е важно исхраната да биде редовна, односно оброците да бидат почести – со три главни и две закуски – и со соодветен одмор помеѓу оброците.