Не можете да спиете? Може треба да го прочитате ова. Според неодамнешно истражување спроведено во Велика Британија, само 17 проценти од испитаниците успевале да спијат осум часа. Останатите спиеле шест часа или помалку. Луѓето најчесто не се свесни за сериозните последици кои ги има несоницата по здравјето.
Недоволно спиење го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес, па дури и злоупотреба на алкохол. Научници од САД откриле дека додавањето топол туш во вашата рутина може да ви помогне во процесот на спиењето.
Од истражувањето се утврдило дека, топол туш 90 минути пред спиење им помогнало на тестираните субјекти да запијат побрзо и да го продолжат сонот за 15 минути. Топлата вода прави дилатација на крвните садови овозможувајќи и на вашата кожа да оддава топлина. Ова му помага на вашето тело да ја намали својата основна температура, процес кој е неопходен за да заспиете полесно.
За да го подобрите ефектот користете гел за туширање со цитрусни ноти, бидејќи тие мириси помагаат во намалувањето на притисокот и кортизолот во телото.