Убодите од комарци се дени од најдосадните, но и најупорните болки и црвенила кои се појавуваат на нашето тело во текот на летото. Постојат различни апаратчиња и спрејови кои би требало да не штитат од комарците, но сепак на крајот не ретко завршуваме искасани токму од овие жедни инсекти.
Еве неколку трикови и совети како да си ја олесниме маката и да го ублажиме чешањето, па и болката:
1. Топла вода или топла лажица: Течноста која комарците ја вбризгуваат не може да делува при висока температура. Загрејте една лажичка (внимавајте да не се изгорите) или натопете мека крпа со топла вода и ставете ја како облога.
2. Студена вода или мраз: Студената вода и мразот може да ја намалат циркулацијата на крв на местото, па така да го спречат ширењето на течноста. Ова е добар лек доколку имате силна желба за чешање.
3. Лимон: Цитрусната киселина исто така може да ги ублажи симптомите, посебно чешањето.
4. Банана: Излупете една банана и ставете ја кората на кожата, допрена со внатрешната страна. Нека постои барем половина час, а ако може и подолго.
5. Сода бикарбона: Направете паста од малку сода бикарбона и вода. Премачкајте го местото и оставете да отстои 15 минути, па потоа исплакнете.
6. Паста за заби: Најдобро би било да нанесете паста за заби со ментол и да оставите да се исуши.